Скубе ги испрати по „бурек“ ѕвездите на ПСЖ (ВИДЕО)

Белорускиот првак Мешков Брест прослави сензационална победа над тимот на ПСЖ со 32-31. Поранешниот ракометар на Вардар, кој сега го носи дресот на Брест постигна прекрасен гол против дрим-тимот предводен од Раул Гонзалес. Словенечкиот бек направи еден ролинг, ги испрати противничките ракометари по „бурек“, а потоа непречен од никого ја затресе мрежата на Жерар.