Скапо платен бод: Итуриза со лице го запре „топовскиот удар“ на Јахиа (ВИДЕО)

Веспрем со вчерашното реми против Порто на нашиот Никола Митревски си го расипа учинокот на домашен терeн во Лигата на шампионите. Составот на Момир Илиќ не успеа да дојде до триумф против Порто 28:28. Последниот напад на натпреварот заврши така што Омар Јахиа практично нокаутираше пикерот Виктор Итуриза...