Сите за еден, сите за Македонија, спремни за победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Тренинг Краков 14 јануари 2023

Машката репрезентација на Македонија денеска го одржа единствениот тренинг пред натпреварот од второто коло на Светското првенство во Полска и Шведска против селекцијата на Холандија. Селекторот Кире Лазаров денеска имаше на располагање 17 ракометари, бидејќи дополнително повиканиот Давид Савревски е на пат за Краков, а тоа откако десниот бек Томи Јагуриновски се повреди против Норвешка. Холанѓаните беа убедливи против Аргентина во првото коло и славеа со десет гола 29-19, и уште еднаш ставија до знаење дека се квалитетен ривал. Мечот меѓу Македонија и Холандија се игра утре во „Таурон Арена“ со почеток во 18:00 часот.