Симоноски изведе ракометна магија – шрауба „а ла Стоилов“ (ВИДЕО)

Тимот на КЛ7 направи изненадување и го совлада фаворизираниот состав на Пролет со 32-30 во заостанатиот натпревар од Суперлигата. Еден од најдобрите поединци на теренот беше кружниот напаѓач Кристијан Симоноски, а еден од неговите голови е вреден за одбележување. Во првото полувреме, иако под фаул, младиот стружанец постигна погодок со шрауба „а ла Стоилов“. Погледнете...