Симовски за 24Ракомет ТВ: Од самиот почеток имавме цел и добра хемија (ВИДЕО)

Ракометарките на Ѓорче Петров се новите шампиони на Македонија откако во последното коло го совладаа тимот на Металург со 25:19. Тренерот на екипата Симе Симовски е задоволен од своите ракометарки во текот на целата сезона и нивното залагање. Исто така истакна дека екипата има хемија и ја оствариле целта која ја имале на почетокот. Целата изјава на Симе Симовски после освојување на трофејот на Ѓорче Петров погледнете ја во следното видео.