Се славеше во Битола, Еурофарм Пелистер на пат кон плеј-оф (ВИДЕО)

 

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се радуваа на победа во Битола со 27:26 против составот на Металург во натпревар во кој имаше возбудувања во текот на сите 60 минути. Металург беше подобар во отворањето на средбата, но не успеа да издржи до крајот од овој дуел. Домашните играа дисциплинирано и ги следеа советите на тренерот Александар Јовиќ кој успеа да ги одведе до возбудлива завршница и до победа на крајот од средбата за конечни 27:26. Со оваа победа Еурофарм Пелистер се најде на чекор од плеј-оф, па оттаму радоста беше голема кај младите момци кои само потврдуваат дека во Битола можат до победа против секого.