СЕХА Ф4 2022: Хосни – Сопругата ми рече „веднаш да потпишеш за Еурофарм Пелистер“

Тунискиот репрезентативец Усама Хосни најави дека најважно е добро да играат против Веспрем и на целиот Ф4 турнир во Задар. Резултатот ќе биде во втор план. Главен „виновник“ за трансферот во Битола е неговата сопруга Србинка Јована Михаиловиќ. Кога ја добил понудата од Еурофарм Пелистер таа му рекла веднаш да потпише. Неколку минути интересен разговор со левиот бек на битолчани.