СЕХА Ф4 2022: Танкоски – Веспрем го има можеби најдобриот состав досега, но ние ќе изгинеме на терен

Средниот бек Марио Танкоски добива се поголема минутажа во тимот на Еурофарм Пелистер. По возбудливиот четвртфинален меч против Мешков Брест, битолчани за првпат стигнаа на Ф4 во СЕХА лигата, а ривал во полуфиналето ќе биде унгарскиот гигант Веспрем. Танкоски смета дека Веспрем сезонава го има можеби најдобриот состав досега воопшто, но верува дека одбраната на битолчани може да го задржи ривалот на помалку од 30 постигнати гола. Целосната изјава на македонскиот среден бек може да ја погледнете во видео прилогот...