Семејството Самсоненко останува во Македонија – спортот го смени со музиката (ВИДЕО)

Иако Сергеј Самсоненко не е повеќе финансиер во Вардар, сепак неговото семејство остана да живее во Скопје. Една од неговите ќерки, Маша Самсоненко, која има само 17 години е новата ѕвезда на македонското музичко небо, а веќе го сними првиот сингл на македонски јазик - Дали ти ќе дознаеш. Музиката е на Панче Касапски, текстот го напиша големиот ракометен фан - Огнен Неделковски, додека зад аранжманот е потпишан Лазар Цветковски. Спотот е снимен на неколку локации под режисерската палка на Даниел Јовески. Погледнете...