Секељ со „сто раце“ – го „почести“ АЕК со двојна одбрана (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер му гостува на АЕК Атина во третото коло од Лигата на Европа. Голманите на нашиот претставник во Лигата на Европа имаа слаб старт на натпреварот и долго немаа одбрана. Но во завршницата на првиот дел Мартон Секељ се разбрани и имаше неколку одлучни интервенции со кои помогна Еурофарм Пелистер да го одржи водството. Серијата одбрани започна од двојната интервенција на Унгарецот од седмерец. Атрактивната одбрана на Секељ може да ја погледнете во следното видео...