СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Чупиќ…Чупиќ…И ГОООЛЛЛЛЛЛ – Вардар е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017 меѓу Вардар и ПСЖ. Во драматичен натпревар славеше македонскиот и европски првак, со 24-23. Стрелец на последниот погодок беше Иван Чупиќ, кој ја погоди мрежата на Тјери Омејер во последните секунди од мечот....