СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Реми против „викинзите“ – најава за историскиот и ненадминат успех! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот oд групната фаза на ЕП 2012 година меѓу Македонија и Шведска. Иако „викинзите“ водеа во поголем дел од средбата, капитенот Лазаров даде гол за 26-25 во финишот. Сепак Швеѓаните извлекоа бод со голот во последниот напад, 26-26. На оваа средба за Македонија настапија Борко Ристовски, Петар Ангелов, Стевче Алушовски, Дејан Манасков, Златко Мојсоски, Владимир Темелков, Бранко Ангеловски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, а селектор беше Звонко Шундовски.