СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: По пауза од десет години – прв натпревар на Македонија на СП! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Македонија и Тунис од Светското првенство во Хрватска во 2009 година. Ова беше прв дуел од групната фаза, кој го загубивме со само еден погодок, 24-25, иако имавме шанси и да останеме непоразени. Кире Лазаров беше најдобар стрелец во нашата селекција со девет погодоци.