СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Пелистер го разнесе Келце – во „Младост“ немаше игла кај да падне (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме првиот натпревар меѓу битолски Пелистер и полскиот Келце Искра Цересит од четвртфиналето на Купот на победниците на Куповите во сезоната 1995/1996. Во салата „Младост“ во Битола, која беше исполнета уште на неколку часа пред мечот немаше игла кај да падне, а во таква атмосфера избраниците на Зоран Зечевиќ успеаја да го победат Келце со убедливи 29-19, предност што ќе се покаже како доволна за полуфинале против Лемго. Тогаш за Пелистер играа Иван Марковски, Зоран Петковски, Стевче Стефановски, Боро Чурлевски, Душан Новокмет, Драган Маринковиќ, Кире Поповски, Александар Мирзамамедов.