СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Најслаткиот пораз од Исланд – Македонија по десет години пак на СП! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Исланд и Македонијаод баражот за Светското првенство во Хрватска, одигран на 15 јуни 2008 година. Избраниците на Илија Темелковски по победата во Скопје со 34-26, загубија во Рејкјавик со 30-24, но тоа беше доволно да се прекине постот од десет години без учество на големите натпреварувања....