СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Момент за историја – Вардар преку дрим тимот на ПСЖ на европскиот трон! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн меѓу Вардар и ПСЖ одигран на 4 јуни 2017 година. Македонскиот тим по голема борба славеше со голот на Иван Чупиќ во последните секунди за 24-23. Ова беше историска победа за Вардар и за македонскиот ракомет, кој по женскиот шампион во 2002 година, Кометал Ѓорче Петров, доби и машки колектив што се искачи на европскиот трон.