СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Македонија против Србија со Станиќ, Илиќ, Чурувија, Шешум…(ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Македонија и Србија од Светското првенство во Хрватска во 2009 година, последен од втората фаза на Мундијалот што го загубивме со 28-32. Најдобар во нашиот состав беше Лазаров со седум голови, а кај ривалот Илиќ со осум погодоци. По овој дуел, Македонија играше за 11 место против Кореја, додека Србија за седмо место играше со Шведска...