СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Легендарен дуел меѓу Вардар и Металург – конфликт на Вујовиќ и Начевски, специјалци во сала…(ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Вардар и Металург од плеј-офот во Суперлигата одигран на 12 април 2008 година. Со ремито 26-26, тимот од Автокоманда потоа лесно стигна до титулата, а овој дуел остана запаметен по конфликтот меѓу Веселин Вујовиќ и судијата Ѓорѓи Начевски. Тогаш за Вардар настапија следните играчи: Блажевиќ (7 одбрани, 1 седмерец), Митревски (2 одбрани), Ракчевиќ 1 (1/3), Недановски 1 (1/3), Пејовиќ (0/1), Радуловиќ 3 (3/10), Јовиќ 2 (2/2), Прибак 7 (7/13), Маркоски (0/1), Симовиќ (0/1), Спироски 4 (4/7), Зл. Мојсоски 4 (2/2 од игра, 2/2 од 7 м.), Алушовски 4 (4/8), Вукадиновиќ, додека за Металург играа Стојиновиќ (4 одбрани), Ристовски (11 одбрани), Живковиќ 3 (3/5), Лазаров 1 (1/4), С. Стоилов, Миркуловски 3 (3/5), Шчепановиќ, Ѓоргоновски 4 (4/4), М. Стоилов, Маљцев 4 (4/7), Чантурија 5 (5/7), Макалоски 3 (3/3 од 7 м.), Георгиевски 2 (2/2), Шмигиќ 2 (0/2 од игра, 2/2 од 7 м.) Беа поделени 19 исклучувања, и еден црвен картон.