СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Кога блескавиот Вардар го „разнесе“ европскиот првак ЧСМ Букурешт…(ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта меѓу ЖРК Вардар и бранителот на титулата ЧСМ Букурешт одигран на 6 мај 2017 година. Овој дуел убедливо годобија вардарки со 33-38, а во текот на мечот имаа и двоцифрена позитива. Најдобри стрелци во македонскиот тим беа Андреа Пенезиќ и Јованка Радичевиќ со по седум голови.