СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Кире Лазаров ги загуби нервите, а Македонија го загуби натпреварот (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Македонија и Германија од Светското првенство во Хрватска во 2009 година. Ова беше дуел од групната фаза, кој го загубивме со 23-33, иако долго време бевме рамноправни со бундес тимот. Но клучен момент беше црвениот картон на капитенот Кире Лазаров на петнаесетина минути до крајот, кој го доби незаслужено и тоа во напад на нашата селекеција. Тој беше влечен од Клајн, Германецот правеше константен фаул, а нашиот капитен го оттурна. Клајн лежеше на терен колку за да ги убеди судиите да покажат црвен картон. По 20-22, Германците направија огромна серија и го добија натпреварот. И покрај тоа Лазаров беше најефикасен со девет голови, а исто толку даде Гландорф за Германија....