СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Драма на СП – вицепрвакот падна пред налетите на Лазаров и друштвото! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Полска и Македонија од Светското првенство во Хрватска во 2009 година. Ова беше дуел од групната фаза, кој го добивме против светскиот вицепрвак со минимални 30-29. Иако водевме убедливо, во финишот полските ракометари стигнаа до реми, 29-29, пред Алушовски да го постигне пресудниот гол. За нашата репрезентација Лазаров даде 13 голови, додека кај ривалот се истакнаа Лијевски и Биелецки со по седум погодоци...