СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Денот кога Пелистер преку Келце обезбеди полуфинале на КПК со Лемго (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме реванш натпреварот меѓу полскиот Келце Искра Цересит и Пелистер од четвртфиналето на Купот на победниците на Куповите во сезоната 1995/1996 година. Иако битолчани загубија со 30-22, победата од првиот дуел во „Младост“ со 29-19 беше доволна за Иве Марковски, Зоран Петковски, Стевче Стефановски, Боро Чурлевски, Душан Новокмет, Драган Маринковиќ, Кире Поповски и останатите пелистерци да обезбедат полуфинале...