СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Денот кога Кире Лазаров стана мундијалски крал на стрелците (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Јужна Кореја и Македонија од Светското првенство во Хрватска во 2009 година, последен за нашата селекција во битката за 11 место што го добивме со 31-32. Овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што капитенот Кире Лазаров стана крал на стрелците на Мундијалите. Тој претходно имаше постигнато 77 голови, на овој дуел даде уште 15 и сега со 92 голови го држи рекордот веќе 11 години....