СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Денот кога Вардар за еден гол не се пласира на завршниот турнир во ЛШ (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампиони во сезоната 2013/2014, одигран пред шест години на 9 мај ноември во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Вардар и Фленсбург, кој заврши 27-25. На македонскиот тим му требаше само уште еден гол за да обезбеди место на завршниот турнир, но иако во текот на натпреварот имаше поголема позитива, сепак на крајот остана без посакуваната разлика.