СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Вечерта кога Македонија славеше – во „Кале“ падна олимпискиот шампион! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот oд квалификациите за пласман на ЕП 1998 меѓу Македонија и Хрватска одигран на 30 октомври 1997 година во СРЦ „Кале“. Хрватите допатуваа како актуелни олимписки шампиони во Скопје, но мораа да го положат „оружјето“. За Македонија тогаш играа Стефановски, Петковски, Зарков, Чурлевски, Алушовски, Новокмет, Котевски, Петрески, Манасков, Марковски, Николовски, Николиќ, а селектор беше Ванчо Јовановски. За Хрватска играа Матошевоиќ, Лосерт, Перковац, Удовичиќ, Главиниќ, Бјелиќ, Џомба, Чавар, Ивандија, Франковиќ, Сарачевиќ и Метличиќ.