СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Алушовски, Лазаров, Чурлевски, Марковски…во дресот на Пелистер во ЛШ (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Пелистер и чешкиот тим Ковопетрол Плзен од 1/16 финалето на Лигата на шампионите. Дуелот одигра во тогашната преполна сала „Младост“ во Битола на 3 октомври 1998 година, заврши со победа на пелистерци со 30-27. Тогаш за битолчани настапуваа Кире Лазаров, Стевче Алушовски, Боро Чурлевски, Иван Марковски, Петар Мисовски, Шандор Ходил...Сепак на реваншот во Плзен, Пелистер загуби со 30-22 и не успеа да се пласира во следната фаза....