Саздовска за 24Ракомет ТВ: Нѐ очекуваат тешки дуели, но ќе го оставиме срцето на терен (ВИДЕО)

 

Македонија заедно со Црна Гора и Словенија од денеска се домаќини на Европското првенство во женска конкуренција. Македонија е во група со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. Прв предизвик за ракометарките на Македонија ќе биде утрешниот дуел против олимпискиот првак Франција. Една од поискусните во таборот на Македонија, левото крило Јована Саздовска ветува голема борба на сите три натпревари од првата фаза и се надева дека Македонија ќе оствари поволен резултат против еден од трите ривали. Целата изјава на Саздовска за нејзините очекувања на континенталниот собир погледнете ја на видеото во продолжение...