Саздовска за 24Ракомет ТВ: Им се извинувам на навивачите за лошата игра (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија загуби од Холандија со 30-15 во второто коло од Европското првенство што се одржува во Скопје. Левото крило Јована Саздовска вели дека никој не очекувал толку лоша игра и промашени зицери, а се извини за тоа на навивачите кои ги поддржуваа девојките во текот на целиот натпревар. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот....