Саздовска за 24Ракомет ТВ: Ако се појави „нов“ Вардар, би се вратила во Македонија (ВИДЕО)

Една од носителките на играта во женската репрезентација е левото крило Јована Саздовска. Поранешната членка на Турингер, по две сезони си замина од Бундес лигата и се врати во романскиот шампионат во редовите на Дунареа Браила. Романскиот тим оваа сезона има големи амбиции, како на домашна сцена, така и на меѓународна во Лигата на Европа. Саздовска во Македонија беше дел од Металург и Вардар и вели дека ако се појави нов амбициозен проект како оној на „црвено-црните“ би се вратила во татковината. „Доколку во Македонија се појави некој клуб како ЖРК Вардар би се вратила во Македонија, а и Металург во минатото вложуваше многу во женскиот клуб. Мислам дека не се вложува доволно во женскиот ракомет кај нас“, вели Саздовска за 24Ракомет ТВ. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот....