Романките во кујна се загреваат за гостувањето во Македонија (ВИДЕО)

Во пресрет на реванш дуелот од баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија и гостувањето во Македонија репрезентативките на Романија работат на подобрување на атмосферата во екипата. Романките облекоа готварска униформа и влегоа во кујната на еден ресторан каде што приготвија неколку специјалитети и научија нешто ново за готвењето. Како благодарност на готвачот кој им беше ментор му подарија маица од репрезентацијата на Романија со потпис на сите ракометарки. Како се снаоѓаат противничките на Македонија во баражот може да погледнете во видеото.