Ристовски: Ги запоставивме семејствата поради други работи, сега е време да надополниме!

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски, се огласи на социјалните мрежи. Тој упати порака до нашите граѓани времето да го поминуваат во своите домови заедно со семејството. Вели дека поради работа и кариера, многумина го запоставиле семејството, но дека сега е вистинското време да се надополни таа празнина.