Ризик или претпазливост: Лазаров на квиз ги одмери силите со екс-одбојкарот Андрија Ѓериќ (ВИДЕО)

Капитенот и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров се најде во несекојдневна можност. На квизот „Ризик или претпазливост“ кој е во организација на спортскиот ТВ канал тој играше против поранешниот репрезентативец на Србија во одбојка, Андрија Ѓериќ. Ова беше убав дуел на кој двајцата можеа да ги испробаат своите познавања од областа на спортот и одговараа на повеќе прашања од различни спортови. Интересен квиз во кој играат познати спортисти од цела поранешна Југославија. Се игра по системот на елиминации, а победникот се пласираше во следната рунда каде што го очекува својот следен противник. Погледнете за да видите кој од дуелот меѓу Лазаров и Ѓериќ успеа да се пласира во следната рунда од квизот „Ризик или претпазливост“.