Ракометно-тениски двобој во ТВ шоу: Хајневетер го победи Зверев и освои 100 илјади евра (ВИДЕО)

Голманот на Мелсунген и репрезентацијата на Германија, Силвио Хајнефетер учествува во телевизиското шоу „Schlag den Star“ каде што противник му беше познатиот тенисер Александар Зверев. Двајцата врвни спортисти се натпреваруваа во повеќе игри, а една од нив беше меморија каде што Хајнефетер подобро се снајде. На крај голманот беше победник и освои награда од 100.000 евра. Како изгледаше тоа може да погледнете во следното видео. Во минатото во исто вакво шоу во Хрватска учествуваше уште еден голман, а тоа е Владо Шола кој се натпревауваше во повеќе емисии со различни противници...