Ракометарките „заиграа“ на песок – прва контрола со Грција пред заминување на ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ракомет на песок Македонија – Грција 2023

Женската репрезентација во ракомет на песок ги стартуваше подготовките за настапот на Европското првенство во Португалија, а веќе го одигра и првиот контролен натпревар против селекцијата на Грција, за која настапуваат искусни ракометарки кои беа светски шампиони своевремено. Македонија со истиот ривал ќе одигра уште две пријателски средби утре, како и уште една во недела. Селекторот Златко Мојсоски и неговиот асистент Ања Алтхаус на овој меч сметаа на Терзиќ, Џатевска, Диневска, Гулицоска, Маркоска, Павлова, Јанкуловска, Божиновска А.М., Миновска, Граматова, Кицеска и Божиновска И....Македонија за првпат по четири години ќе игра на ЕП во ракомет на песок, иако своевремено беше дел редовно од овие настани и беше во игра за висок пласман. На претстојното ЕП во португалскиот град Назаре, Македонија ќе биде во група со домаќинот, Украина и Холандија.