Радовиќ за 24Ракомет ТВ: Не смеам да откривам тајни за Македонците, мора да се вратам во Битола

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ денеска ќе игра против своите соиграчи во 2. коло на Европското првенство од Групата А во Дебрецин. Тој очекува убав натпревар и вели дека му е драго што ќе игра против своите пријатели. Воедно во шега вели дека не смее да му открие никаква тајна на стручниот штаб бидејќи после шампионатот мора да се врати во Битола. Инаку, соствот на Црногорците ќе биде познат на еден час до средбата бидејќи ситуацијата и понатаму е неизвесна поради коронавирусот. Комплетната изјава на Радовиќ дадена за 24 Ракомет ТВ можете да ја погледнете во продолжение.