Радовишани не знаат за пораз веќе осум меча, најдоа лек и за КЛ7 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

КЛ7 – Радовиш (плејоф, 13 коло)

Ракометарите на Радовиш ја остварија најважната победа во плеј-аутот од Суперлигата. На гостински терен беа подобри од составот на КЛ7 со 23-24. Предводени од голманот Славјан Паунов, избраниците на Андон Бошковски, во последните осум меча забележаа седум триумфи. За Радовиш останува само уште дуелот со Астраион на гости, додека КЛ7 ќе игра против Работнички, па реалност е дека радовишани ќе го освојат најмалку третото место и ќе играат бараж за опстанок во Суперлигата.