Радичевиќ за 24Ракомет ТВ: Македонија е мојот втор дом – ми фалат рестораните, слаткарниците, храната…(ВИДЕО)
Една од најдобрите светски ракометарки, Јованка Радичевиќ, по четири години повторно е во Скопје. Некогашната вардарка ги игра последните репрезентативни натпревари во дресот на Црна Гора, а нејзината репрезентација обезбеди место во главната рунда со три победи. Десното крило кое е најдобар стрелец во историјата на националниот тим, наскоро ќе стане и најдобра во историјата на Лигата на шампионите, во интервју за 24Ракомет ТВ зборува за ЕП, за репрезентативната пензија, се потсетува на Скопје, Вардар и Македонија, како и за амбициите по крајот на кариерата. Целосното интервју погледнете го во видео прилогот....