ПРОМАШУВАЊЕ НА ГОДИНАТА: Не успеа да погоди во празен гол од седум метри! (ВИДЕО)

Во полуфиналниот натпревар од Сантандер Купот во Данска меѓу Икаст и Холстебро, веројатно се случи најголемото промашување годинава. Ракометарката на Икаст, Хелен Фаускес, тргна во контранапад, но иако имаше празен гол пред себе, од шест метри ја погоди само пречката. Сепак, на крајот нејзиното промашување не беше болно по тимот, бидејќи Икаст обезбеди место во финалето откако славеше над Холстебро со 21-18.