Признание за Црногорецот: Голот на Поповиќ се најде во ТОП 5 на колото (ВИДЕО)

Левото крило на Металург, Милан Поповиќ, беше најдобар стрелец во тимот на Металург на пресметката од Лигата на Европа со францускиот Тулуз. Металурзи загубија со 33-29, а Црногорецот беше творец на девет погодоци. Еден од нив, кој беше постигнат од пенал во финишот на првото полувреме доби место во изборот на ТОП 5 голови што го направи медиа тимот на ЕХФ. Погледнете....