Признание за Дибиров од СЕХА – вардарецот го има најдобриот спин удар (ВИДЕО)

Во периодот кога нема натпревари СЕХА лигата не потсетува на најдоброто од претходните сезони. Ударот кој е специјалитет на Русинот во Вардар, Тимур Дибиров беше тема на последното видео објавено од СЕХА на нивниот You Tube канал. Во изборот на најдобрите спин голови се најде и играчот на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан. Оостанатите кои добија место во овој избор се Ведран Зрниќ од Нексе, потоа Ведран Делиќ од Извиѓач и Ју Ванг од Пекинг Универзитет. Уживајте во најдобрите пет спин голови во следното видео...