Првата задача успешно решена, Вардар тргна во поход на нов трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер 2 vs Вардар – Куп на Македонија 2022

Во првиот полуфинален дуел од 29. издание на Купот на Македонија, Вардар го совлада составот на Еурофарм Пелистер 2 со 24-28 (11-13) и ќе се бори за трофејот. Ривал на вардарци во походот кон одбрана на титулата ќе биде победникот од двобојот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер. Големото финале е закажано за в недела од 19:30 часот.