Последните 150 секунди во Цирих: Како храбрите металурзи го издржаат пеколот против Криенс (ВИДЕО)

 

Металург е вториот македонски тим кој ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа така што Македонија доби трета екипа која ќе има долга полусезона на европско ниво. Ракометарите на Металург одработија одлично во последните неколку напади односно последните две и пол минути во кои мораа да останат на негатива од еден гол за да се пласираат понатаму. Храбрата игра која ја демонстираа металурзите донесе резултат. Без разлика како се одвивал резултатот на крајот, сепак, се брои исклучиво конечниот резултат и секако најважно е кој оди понатаму. А во групната фаза е Металург. Ракометарите заслужија, а заслужи и Македонија повторно да ги има најсилните во групите од европските купови. Како изгледаа последните 150 секунди во Цирих каде што Криенс го пречека Металург можете да ги видите во видеото во продолжение. Секако може да ја видите и радоста по завршувањето на средбата.