Погоди кога најмногу требаше – еве го голот на Дукоска за херојско реми! (ВИДЕО)

Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра нерешено, 20-20, со селекцијата на Шведска и се наоѓа на чекор до четвртфиналето на СП. Вистинска драма се случуваше во финишот на овој меч, кога во последната минута Шведска поведе, а Македонија израмни на пет секунди до крајот. Последниот гол беше дело на Дукоска, која иако дотогаш не беше најпрецизна, погоди кога најмногу требаше за голема радост. Сега ни треба уште бод против Исланд за сигурно место во четвртфинале, иако можеме до ТОП 8 и со пораз, но тогаш ќе решава гол разликата. Погледнете го погодокот на стружанката....