Погледнете ја драмата во финишот – како Куманово несреќно загуби од Макаби Аразим (ВИДЕО)

Екипата на Куманово во второто коло од Европскиот Куп доживеа минимален пораз од Макаби Аразим, 26:25, но остана во борба за пласман во третата фаза во третото по ранг европско натпреварување. Македонскиот вицепрвак при нерешен резултат од 25:25 имаше шанса да дојде до триумф, но на речиси десетина секунди не успеа да реализира, а ракометарките на Макаби со гол од пенал во последната секунда стигнаа до победа. Реванш натпреварот меѓу Куманово и Макаби Аразим ќе се одигра утре со почеток од 18:00 часот.