Победнички гол од мртов агол во последната секунда – и тоа против Магдебург (ВИДЕО)

Шведскиот тим Алингсас, редовен учесник на Струшкиот турнир, приреди голема сензација откако славеше над бундеслигашот Магдебург во Лигата на Европа со 30-29. Во последните десетина секунди гостите имаа посед, но избрзаа со шутот кој го одбрани голманот на Алингсас. Потоа во стилот на сите скандинавски екипи, имаше брз пренос на топката, таа стигна до крилото Линдберг, кој од мртов агол го совлада гостинскиот голман за голема победа. Погледнете....