Пешевски за 24Ракомет ТВ: Ако сакаме победа со Чешка, мораме да бидеме помотивирани! (ВИДЕО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија стартуваше со победа на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Избраниците на Данило Брестовац беа подобри од селекцијата на Украина со 26-25, а утре не очекува меч со незгодната Чешка. Пикерот на нашата репрезентација Жарко Пешевски очекува тежок натпревар, но верува во позитивен резултат. Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра утре во „Штадхале Арена“ со почеток во 16:00 часот.