Пелистерци ја скокнаа првата пречка, ќе го предизвикаат Вардар во големото финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер vs Бутел – Куп на Македонија 2022

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја минаа првата пречка во Купот на Македонија, откако славеа над Бутел Скопје со 25-21. Битолчани со овој триумф обезбедија место во финалето в недела и таму ќе се соочат со Вардар, кој во првото полуфинале беше подобар од Еурофарм Пелистер 2. Големото финале меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в недела од 19:30 часот.