Пелистерци покажаа тимски дух, мотив и освоија медал (ФОТОГАЛЕРИЈА)

СЕХА Ф4 2022: Еурофарм Пелистер – Нексе

Еурофарм Пелистер славеше во малото финале на завршниот турнир од регионалната СЕХА лига над Нексе Нашице со 27-23 и го освои бронзениот медал во Задар. По израмнетиот прв дел, успеаја да го скршат отпорот на ривалот во второто полувреме и да се израдуваат на крајот. Оваа бронза ќе им биде мотив плус пред Суперкуп дуелот во Македонија против Вардар.