„Пантерот“ e пенал-мајстор: Томовски одбрани три седмерци против Магдебург (ВИДЕО)

Тимот на Лудвигсхафен, каде што настапува голманот Мартин Томовски, загуби од Магдебург на Филип Кузмановски со 17-20 во натпревар од 15 коло во Бундес лигата.

Иако мина на голот само помалку од пет минути, македонскиот репрезентативен голман запре три удари на гостинскиот тим, а еден од нив беше и на Кузмановски.

На петнаесетина минути до крајот Лудвигсхафен имаше предност од три гола,  16-13, но гостите со серија од 1-7 стигнаа до триумфот на незгодното гостување.

Погледнете како бранеше македонскиот „пантер“ против Магдебург…