Охрид имаше победа в раце во Битола, на крајот спаси само бод (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Охрид заврши со резултат од 26:26 откако во завршницата паднаа голем број на голови и тоа во последните две минути. Гостите имаа 22:20 на осум минути до крајот и според тоа како течеа работите во второто полувреме се чинеше дека ја имаат и победата. Сепак, како се доближуваше финишот така стануваше јасно дека може да има промени. Во последните четири минути домашните влегоа со предност, а потоа следуваше игра гол за гол со седум брзи погодоци. Стрелец на голот за бод на Охрид беше Мартин Манасков.